Штајнмаер на 70-годишнината од членството на Германија во НАТО: Ќе се приспособиме на новите безбедносни барања во Европа
- Германија ќе се приспособи на новите безбедносни барања во Европа, вети денеска претседателот Франк-Валтер Штајнмајер, додека неговата земја одбележа 70 години членство во НАТО.
Брисел, 28 април 2025 (МИА) – Германија ќе се приспособи на новите безбедносни барања во Европа, вети денеска претседателот Франк-Валтер Штајнмајер, додека неговата земја одбележа 70 години членство во НАТО.
- Денес, во текот на војната на Русија против Украина и со САД, кои вршат жесток притисок врз своите европски сојузници, Германија е во клучна позиција, рече Штајнмајер.
- Германија е повикана и ние го слушнавме повикот. Ја разбравме пораката и навистина можете да сметате на нас, рече германскиот претседател, стоејќи покрај генералниот секретар на НАТО Марк Руте во седиштето на Алијансата.
Германската Влада во заминување подготви посебен фонд од 100 милијарди евра за модернизација на НАТО и исполнување на целта да се издвојуваат два отсто од БДП за Алијансата, што веројатно ќе се зголеми на три отсто или повеќе кога лидерите на НАТО ќе се состанат во Холандија во јуни.
- Ќе се трудиме Германија и нејзината војска и инфраструктура да бидат ’рбет на одбраната во Европа, рече Штајнмајер.
Тој изрази надеж дека лидерите на НАТО денес ќе покажат слична стратешка мудрост, бидејќи „патот од сега па натаму изгледа уште понеизвесен отколку што изгледал некогаш во минатото“.
Штајнмајер рече дека предизвикот е да се одржат вредности како демократијата и владеењето на правото, колку и да се брани територијата.
- Сите знаеме дека тие се нападнати, не само однадвор, туку и одвнатре, рече Штајнмајер.
НАТО е формиран во 1949 година како бедем против Советскиот Сојуз. Поранешна Западна Германија беше примена како нејзина 15-та членка на 6 мај 1955 година, бидејќи растеше загриженоста поради советската војска натрупана источно од железната завеса. јт/
Фото: ЕПА