• вторник, 24 декември 2024

Данските ракометари ја декласираа Германија за второ олимписко злато

Данските ракометари ја декласираа Германија за второ олимписко злато

 

Лил, 11 август 2024 (МИА) – Актуелниот трикратен светски првак Данска ја потврди доминацијата во машкиот ракомет, освојувајќи го денеска своето второ олимписко злато со најубедлива победа во досегашните олимписки финалиња од 39-26 (21-12) над Германија во Лил.

Финалниот дуел беше решен веќе во првата половина од првото полувреме, кога избраниците на Николај Јакобсен тргнаа во серија од 6-0 за да поведат со 12-5 во 15. минута. Во 23. минута веќе беше 19-9 за Данците, кои на полувреме заминаа со +9 (21-12). Предноста на Данците продолжи да расте и во вториот дел, до +15 (35-20) во 49. минута.

Данските стрелци ги предводеше Матијас Гидсел со 11 голови. Магнус Ландин постигна седум, а Сајмон Питлик шест. Никлас Ландин на данскиот гол имаше десет одбрани.

Со овој триумф Данска стана првата репрезентација по Хрватска која освоила олимписко злато на сите натпревари. Со двезлатни одличја и едно сребро Данците ја минаа Хрватска која има два златни медали и една бронза. Германците останаа на едно злато освоено од репрезентацијата на ГДР во 1980 година во Москва, а ова им е трето сребро.

По петти пат во историјата бронзениот медал го освои репрезентацијата на Шпанија која во утринската програма на последниот ден од Игрите во Париз ја совлада Словенија со 23-22. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан