• четврток, 29 август 2024

Дали коалицијата „Вреди“ ќе стане една партија ќе се определи по локалните избори во 2025 година

Дали коалицијата „Вреди“ ќе стане една партија ќе се определи по локалните избори во 2025 година

Тетово, 16 јули 2024 (МИА) - Претседатетелот на Движење Беса, Биљал Касами, денеска од Тетово истакна дека коалицијата „Вреди“ ќе настапи заедно и на локалните избори во 2025 година, а потоа ќе се види дали ќе станат и една партија. Викендов „Вреди“ формираше координативно тело.

-Коалицијата „Вреди“ во следната фаза ќе оди со заеднички органи, координативното тело каде секоја партија ќе има по двајца членови, претседателот и по еден заменик и претставникот на „Самоопределување“ Беким Ќоку ќе биде деветтиот член на тоа координативно тело. Дополнително ќе има и комисија за кадровски прашања која ќе ги реши сите овие работи во делот на именување и разрешување и следење на работат на нашите функционери во Владата и ќе имаме заедничка комуникација со медиумите односно портпарол на „Вреди“ до локалните избори кога планираме да одиме заедно, рече Касами од Тетово, каде како градоначалник имаше средба со новинарите.

Градоначалникот Тетово заедно со началникот на СВР Тетово и директорот на ЈП „Градски паркинг“ денеска на булеварот „Илинден“ извршија надзор на состојбите во сообраќајот, по вчерашната одлук

Според него, патоказ за следните чекори во коалијата ќе биде исходот од локалните избори.

-Од резултатите на локалните избори ќе се види дали после тоа ќе одиме со следен чекор, да одиме со една структура, една партија, сакаме како досега и натаму да одиме по природен пат. Досега комуникацијата е одлична се надеваме дека и понатаму таква ќе биде и соединувањето на органите и структурите на коалицијата да биде по природен пат, рече Касами. aс/сст/
 

 
 
 

 

 

Остани поврзан