• среда, 26 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Гутереш повика на итен прекин на огнот во Газа

Гутереш повика на итен прекин на огнот во Газа

Женева, 21 март 2025 (МИА) - Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска изрази огорченост поради последните израелски напади врз Газа и повика на итен прекин на огнот и итно доставување хуманитарната помош.

„Огорчен сум од последните израелски напади во Газа, во кои загинаа стотици луѓе“, рече Гутереш.

Тој, исто така, изрази жалење поради смртта на еден член на персоналот на ОН и ранувањето на уште петмина, откако израелските напади погодија два објекти на ОН во градот Деир ал Балах во Појасот Газа. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан