• среда, 25 декември 2024

Грчкото МНР ги осуди нападите врз Рафа и повика на итен прекин на огнот

Грчкото МНР ги осуди нападите врз Рафа и повика на итен прекин на огнот

Атина, 30 мај 2024 (МИА) – Грција ги осудува неодамнешните напади врз цивили, вклучително и деца, во Рафа, напишаа од грчкото МНР на платформата Икс и повикаа на „темелна истрага која ќе ги расветли точните околности на овој напад“, но и на итен прекин на огнот, јави дописничката на МИА од Атина.

-Грција го повторува својот повик за итен прекин на огнот, почитување на хуманитарното и меѓународното право од сите страни, итен влез на хуманитарна помош во Газа и ослободување на сите заложници кои ги држи Хамас, напишаа од Министерството за надворешни работи на Грција. ср/сд/

Остани поврзан