Грчката Влада го осуди нападот на Иран врз Израел
- Грчката Влада остро ги осудува нападите на Иран против Израел, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција и изразија поддршка до израелскиот народ, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 2 октомври 2024 (МИА) – Грчката Влада остро ги осудува нападите на Иран против Израел, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција и изразија поддршка до израелскиот народ, јави дописничката на МИА од Атина.
-Ова е сериозна ескалација и ја зголемува заканата за регионалната безбедност. Грција стои до народот на Израел и неговото право да живее во сигурност. Грција го потврдува својот повик за итна деескалација, соопштија од грчкото МНР.
Паралелно, премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис за попладнево закажа вонреден состанок на Владиниот совет за национална безбедност. ср/сд/