• среда, 18 декември 2024

Грција ќе презентира националната стратегија за заштита на децата од дигитална зависност

Грција ќе презентира националната стратегија за заштита на децата од дигитална зависност

Атина, 17 декември 2024 (МИА) – Националната стратегија за заштита на малолетниците од дигиталната зависност беше главната тема на состанокот што денеска го одржа грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со надлежните министри, а биле разгледани прашањата поврзани со имплементацијата и била нагласена важноста на учеството на родителите, но и едукацијата на децата во напорите за справување со негативните последици од прекумерната изложеност на социјалните мрежи, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што информираа од кабинетот на грчкиот премиер, владиниот план за справување со дигиталната зависност на децата, детално ќе биде презентиран на 30 декември.

-Беа разменети мислења и за иницијативите што Грција може да ги преземе на европско ниво, што ќе доведе до формулирање и поднесување на Повелба за дигитални права во Европската Унија, преку која ќе се кодифицираат правата и заштитата, особено на малолетниците, соопштија од кабинетот на Мицотакис. 

Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис во интервју за грчката телевизија „Скај“ потсети на досегашните иницијативи како што се платформата за пријавување врсничко насилство, забраната за употреба на мобилни телефони во училиштата, платформата за информирање на секаков вид насилство и сл., а за новата национална стратегија посочи дека ќе се однесува и на тоа што родителите ќе можат да направат и да ги знаат алатките што ќе им бидат на располагање. ср/

Остани поврзан