• среда, 25 декември 2024

Грција последен четвртфиналист на Евробаскет 2022

Грција последен четвртфиналист на Евробаскет 2022
Берлин, 12 септември 2022 (МИА) – Предводена од суперѕвездата Јанис Адетокунбо, репрезентацијата на Грција синоќа ја победи Чешка со 94:88 и обезбеди пласман во четвртфиналето на Европското кошаркарско првенство чија завршница се игра во Берлин. Куриозитет на шампионатот е идентичниот резултат поставен на другите три осминафинални средби одиграни во текот на вчерашниот ден: Полска – Украина 94:86 Финска – Хрватска 94:86 Италија – Србија 94:86. Четвртфиналните натпревари ќе се играат утре и в среда. Двојките се Шпанија – Финска (13 септември 17:15 часот) Германија – Грција (13 септември 20:30 часот) Франција – Италија (14 септември 17:15 часот) Словенија – Полска (14 септември (20:30 часот). зс/

Остани поврзан