• недела, 24 ноември 2024

Грција втора во светот по „Сини знамиња“ на плажи и марини

Грција втора во светот по „Сини знамиња“ на плажи и марини
Атина, 17 мај 2022 (МИА) – Со 581 наградена плажа, Грција го задржа второто место во светот по добиените „Сини знамиња“ за плажи, марини и јахти, а регионот на Халкидики повторно е прва во земјата по бројот на вкупни награди, со 96 знамиња, јави дописничката на МИА од Атина. „Сините знамиња“ знак на одличен квалитет, оваа година ќе се веат на 581 грчки плажи, 36 повеќе од лани, на 15 марини и шест туристички јахти, кои беа наградени за квалитетот на водата за пливање, заштитата на животната средина, организацијата и безбедноста на посетителите и ја задржаа Грција на втората позиција меѓу 53 земји од целиот свет. Од сите земји учеснички во програмата, Грција има 14 отсто од наградените плажи, а Халкидики со 96 „Сини знамиња“ е на првото место меѓу регионите во Грција , со наградени 87 плажи, шест туристички јахти и три марини, додека па втор е островот Родос 55 плажи. Во програмата право на учество имаат организирани плажи, марини и јахти, а за да се добие наградата потребно е да се исполнат 33 строги критериуми што се однесуваат на квалитетот на водата, безбедноста на посетителите, квалитетот на услуги, заштита на животната средина итн. Оваа година „Сини знамиња“, знакот за еколошки квалитет на плажите, марините и јахтите за одржлив туризам, одбележува 35 години постоење. ср/

Остани поврзан