• недела, 24 ноември 2024

Груби: Измените во КЗ се хармонизација со европското право

Груби: Измените во КЗ се хармонизација со европското право

Скопје, 6 септември 2023 (МИА) - Измените во Кривичниот законик освен што се хармонизација со европското право се и ексклузивно барање на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Ова го изјави вицепремиерот Артан Груби одговарајќи на новинарско прашање денеска при при увидот во градежните активности на автопатската делница Скопје – Тетово.

- Македонската и албанската опозиција да си ги усогласат ставовите, затоа што македонската опозиција вчера на пленарната седница не гласаше „против“ измените во КЗ, коишто се хармонизација со европското право, туку остана на седницата, правеше кворум и го усвои дневниот ред. Истото се случува и денеска на Комисијата за европски прашања, рече вицепремиерот Груби, одговарајќи на прашањето дали овие измени се политичко пазарење со ВМРО-ДПМНЕ.

Дел од албанската опозиција, вели тој, излезе да го каже тоа што не можат да го кажат од ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е дека со измените во Кривичниот законик се враќа експремиерот Никола Груевски.

- Апсолутна лага и апсолутно е невозможно под кои било услови со овие измени во КЗ да се врати г. Груевски. Овие измени коишто се во КЗ освен што се хармонизација со европското право се и ексклузивно барање и на г. Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ  на сите лидерски средби, и на билатерални средби по однос на измените во КЗ и еве имаат шанса тоа да си го направат во Собранието. Впрочем, тоа веќе и го направија вчера со нивното учество вчера во Собранието, вели Груби. ра/ац/

Фото: МИА

Остани поврзан