• среда, 25 декември 2024

Град Скопје се вклучува во акцијата за подигање на свеста за лицата со попреченост

Град Скопје се вклучува во акцијата за подигање на свеста за лицата со попреченост
Скопје, 31 март 2022 (МИА) - Во пресрет на Светскиот ден на свесност за аутизмот - 2 април, Град Скопје и ЈСП се вклучуваат во проектот „Сончогледи кон сонцето за видлива и невидлива попреченост“ во организација на Здружението на граѓани „Куќа на среќата“, кое има за цел подигнување на свеста за лицата со попречености преку инклузивната лента која ја носат овие лица. Како што информираат од прес-службата на Град Скопје, во поголем дел од возилата од ЈСП Скопје залепени се пораки „Разбери, прифати, сакај!“ кои укажуваат дека лицата кои носат инклузивна лента се лица со попреченост и апелираат секој кон нив да биде трпелив, љубезен и подготвен да помогне. - Пораките се залепени на видно место во возилата во ЈСП, но и во сите културни институции во рамките на Градот Скопје, со цел сите посетители и корисници на јавниот превоз, да ја прочитаат инклузивната порака за разбирање, прифаќање и сакање на лицата со различности, односно на лицата кои се со видлива или невидлива попреченост, посочуваат од Град Скопје. - Доколку забележите лице кое ја носи оваа лента на врат разберете дека ви испраќа порака, прифатете го неговото однесување и потреба, порачуваат од „Куќа на среќата“. Посочуват дека Градот Скопје е отворен за соработка со сите организации и здруженија и е подготвен да пружи помош и поддршка согласно расположливите можности и околности. - Во таа насока, во возилата на ЈСП Скопје и на Жичарницата им е дозволен превоз на лица со попречености со куче придружник, а врши и организиран бесплатен превоз со специјални комбиња, лицата со попречености се ослободени од плаќање билет при користење јавен превоз, се наведува во соопштението на Град Скопје.фф/са/

Остани поврзан