• недела, 24 ноември 2024

Град Скопје демантира: Нема пропаднат камион на плоштадот „Македонија“, медиумите да ги проверуваат информациите кои се пласираат

Град Скопје демантира: Нема пропаднат камион на плоштадот „Македонија“, медиумите да ги проверуваат информациите кои се пласираат

Скопје, 22 март 2023 (МИА) - Град Скопје преку соопштение ги демантира написите за наводно пропаднат камион на плоштадот „Македонија“ и бараат од медиумите соодветно да ги проверат информациите кои се пласираат на социјалните мрежи.

- Жалиме што на овој начин мораме да реагираме, но мораме да ја констатираме неподготвеноста на одредени медиуми соодветно да ги проверат информациите кои се пласираат на социјалните мрежи, креирани во партиски кујни, и ги претставуваат како кредибилни. Вистината, доколку медиумите кои објавија за наводно пропаднат камион на плоштадот „Македонија“ се интересираа, е дека овој настан не се случил. Ниту камион возел преку плоштадот „Македонија“, ниту пак пропаднал во фонтаната, велат од Град Скопје. 

Оттаму со фотографија појаснуваат дека секој приод кон плоштадот „Македонија“ по последниот инцидент пред прославата за Нова година кога пропадна комбе на странски државјанин во подземната фонтана, е забранет за возила и физички со поставени столбови е оневозможен.

- Бараме сите медиуми кои го паднаа тестот за кредибилитет и објавија лажна вест без да ја проверат, да го објават овој демант и објаснување, се посочува во соопштението. сх/са/

Фото: Град Скопје

Остани поврзан