• среда, 23 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Mеџити со апел до НВО да аплицираат на конкурсот со проекти за подобра животна средина

Mеџити со апел до НВО да аплицираат на конкурсот со проекти за подобра животна средина

Скопје, 15 април 2025 (МИА) - Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска имаше работен состанок со претставници на невладини организации и здруженија на граѓани кои работат во областа на животната средина, на кој информираше за Конкурсот за распределување на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа на животната средина за 2025 година, соопшти МЖСПП.

Меџити на состанокот апелира до претставниците на невладините организации да аплицираат на конкурсот.

- Целта на оваа програма е да се поттикнат и финансираат конкретни проекти, активности и иницијативи кои ќе придонесат за заштита, унапредување и одржливо управување со нашата животна средина – нешто што е од суштинско значење за здравјето и благосостојбата на сите наши граѓани, истакна Меџити, додавајќи дека НВО-ата има многу значајна улога во делот на подигање на јавната свест, едукација и обуки поврзани со заштитата на животната средина.

Дел од овие финансиски средства, информира Меџити се  обезбедуваат од еколошката такса при регистрација на моторни возила, дел од надомест за био-разградливи кеси за пазарење, надомест кој го плаќаат операторите на инсталации со А – интегрирана еколошка дозвола и средства од други владини услуги, што во пракса значи парите на граѓаните ги враќаме пак кај граѓаните.

На состанокот беше нагласено дека дека транспарентноста и објективноста се основата на пристапот на МЖСП, а критериуми за невладините организации се да бидат регистрирани најмалку една година пред конкурсот, да делуваат во интерес на јавноста и да немаат поднесено ист проект за финансирање до други извори.

Рокот за аплицирање е до 29 април, во одделни обрасци и формулари, кои се достапни на официјалната веб-страницата на Министерството.са/дма/

Фото: МЖСПП

Остани поврзан