• недела, 01 септември 2024

Градоначалникот Ѓорѓиевски на дружба со децата кои бесплатно летуваат во Охрид

Градоначалникот Ѓорѓиевски на дружба со децата кои бесплатно летуваат во Охрид

Скопје, 18 август 2023 ( МИА) -   Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски вчеравечер ги посети децата кои бесплатно летуваат во детското одморалиште ,,Радости” во Свети Стефан, Охрид. Како што информираа од Општина Кисела Вода, преку овој проект за подобрување на квалитетот на живот на децата во социјалeн ризик, 45 ученици имаа можност да поминат една седмица на одмор заедно со своите врсници, придружувани од наставници, аниматори и рекреатори.

- Ги посетив моите другарчиња кои бесплатно летуваат во детското одморалиште ,,Радости”. Логорувавме, многу се забавувавме, игравме игри и поминавме цела вечер заедно. Ваквата радост, спојот на дечињата од различни генерации е тоа што не може да се опише со зборови туку треба да се доживее, а јас ја имав таа чест во прво лице! Се договоривме на следна дружба наредната година, на следно летување и уште помасовно, со уште повеќе дружење и, како што беше нивното барање - да се дружам со нив цело време. Ете токму ова е тоа за кое вреди секоја жртва, секоја непреспиена вечер и макотрпна работа. Ова е она за кое се бориме, детската радост. Огромно благодарам до менаџментот на детското одморалиште  за професионалниот однос, за одличниот пречек и грижата за нашите дечиња. Се гледаме следната година, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски. љм/са/

Фото: Општина Кисела Вода

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан