• четврток, 02 април 2026

Гоце Ристовски, член на жирито на Меѓународниот театарски фестивал во Кишињев

Гоце Ристовски, член на жирито на Меѓународниот театарски фестивал во Кишињев

Гоце Ристовски, писател, театарски критичар и универзитетски професор ќе биде член на жирито на Меѓународниот театарски фестивал на камерни форми што од 22 до 28 јуни оваа година, по 14-ти пат, ќе се одржи во Кишињев, Молдавија.

-Со задоволство ја прифатив поканата од Министерството за култура на Република Молдавија да бидам член на меѓународното жири во кое се еминетни европски театарски дејци. Ова е признание за мене но и за македонскиот театар во целина. Престојот во Кишињев ќе го искористам и за афирмација на современиот македонски театар и разговори за можна соработка меѓу театарски институции и театарски дејци и зајакнување на културните врски меѓу двете земји.
Молдавија е земја со богата култура и историја со која споделуваме иста судбина, а најсилната врска меѓу Македонија и Молдавија е кодификаторот на македонскиот јазик, Крсте Петков Мисирков кој своевремено живеел во Бесарабија, како што некогаш се викала Молдавија и дал голем придонес во нејзината државност како член на парламентот - вели за МИА Ристовски,

Остани поврзан