• сабота, 27 јули 2024

Голем пожар во затворот Хантсвил во Тексас, евакуирани 650 затвореници 

Голем пожар во затворот Хантсвил  во Тексас, евакуирани 650 затвореници 

Хјустон, 26 август 2023 (МИА) – Голем пожар утринава избувна во затвор во американската држава Тексас, поради што се евакуирани повеќе од 650 затвореници.

Затворските власти наведуваат дека во огнената стихија нема повредени.

-Затворениците се преместени во други делови од затворот во Хантсвил, на околу 105 километри северно од Хјустон, изјави Аманда Хернандез, портпаролка на Одделот за извршување кривични санкции во Тексас.

Соопштено е дека пожарот ги зафатил поткровјето и третиот кат од управната зграда и поткровјето на одделението во кое се сместени затворениците. 

-Пожарот беше локализиран во текот на утрото, но пожарникарите сè уште гаснат мали жаришта во некои простории, изјави шефот на противпожарната служба на Хантсвил.

„Причината за пожарот ќе биде истражена откако тој ќе биде целосно изгаснат“, рече Хернандез.

Затворот Хантсвил е изграден во 1849 година и има капацитет за 1.700 затвореници, додека во моментов казната ја отслужуваат околу 1.600 лица. 

Во затворот се извршуваат и смртни казни на осудени затвореници. сд/

фото:Скриншот ЈуТјуб Еј-Би-си

Остани поврзан