• сабота, 27 јули 2024

Голем интерес за бесплатната вакцинација за сезонски грип во Велес

Голем интерес за бесплатната вакцинација за сезонски грип во Велес
Велес,1 ноември 2022 (МИА) - Голем е интересот за бесплатна вакцинација која се одвива во ЈЗУ Центар за јавно здравје. Вакцинирањето е преку „Мој термин“ секој ден од 8 до 13 часот, а дневно се вакцинираат по 120 лица, информира за МИА епидемиологот д-р Билјана Трајкова. Таа појасни дека почнувајќи од 19 октомври за десет дена досега се вакцинирани околу 1.200 граѓани од општините Велес, Градско и Чашка. Трајкова изјави дека сите термини преку „Мој термин’“ до идниот петок, 11 ноември 2022 година, веќе биле закажани. Вакцинирањето се врши со четиритипна холандска вакцина која штити против четири види на сезонски грип кои се најчести на северната хемисфера, а Министерството за здравство ги набави од холандскиот производител „Абот“. Бесплатна вакцина преку „Мој термин“ може да бараат и им следува  на хроничните болни, лица над 65 години, бремени жени, мали деца од 6 месеци до 5 години, а годинава како новина и на здравствените работници. Останатите граѓани можат да се вакцинираат со комерцијална вакцина против сезонски тип, за  која се наплаќа 800 денари. Се вакцинира со истата четиритипна  вакцина од истиот холандски производител „Абот“. -Со оваа вакцина најчесто се вакцинираат помлади лица, претежно кои имаат намера да патуваат во странство, но и останати заинтересирани, информира Трајкова. Освен од Велес во ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес и преку „Мој термин“ и со комерцијална вакцина се вакцинираат и жители од селата во општина Велес и жители од населените места од општинитете Градско и Чашка. ад/мд/

Остани поврзан