• четврток, 26 декември 2024

Големи светски брендови ќе зборуваат за редефинирање на е-трговијата со вештачката интелигенција во Скопје

Големи светски брендови ќе зборуваат за редефинирање на е-трговијата со вештачката интелигенција во Скопје

Скопје, 6 октомври 2023

Еминентни говорници од големите светски брендови  Нестле („Nestlé “), Мета („Meta“),  Заландо (“Zalando”), Алегро („Allegro“), Рибок („Reebok“), но и претставници од дел од најуспешните регионални е-трговци ќе бидат дел од годинашното издание на Конференцијата за е-трговија, која на 14 ноември по шести пат ќе се одржи во нашата земја, а веќе втора година со својот регионален карактер е домаќин на гости од преку 10 држави од регионот и светот.

Во своето најголемо и тематски најисполнето издание до сега, конференцијата за е-трговија ќе ги обедини најистакнатите домашни и меѓународни експерти во областа кои преку клучни говори, панел дискусии и неформални разговори, фокусирани на различни теми поврзани со новата ера во човековото живеење - искористувањето на потенцијалот на вештачката интелигенција ќе го пренесат своето искуство и знаење пред присутните. Покрај тоа, конференцијата ќе биде одлично место за вмрежување и споделување искуства, поддржано од иновативниот саемски концепт, кој дополнително ги зголемува можностите за интеракција и размена на знаење.

Директно од големиот светски гигант Мета („Meta“), на конференцијата ќе говори Групацискиот директор на Мета за ЕМЕА, Каи Херзбергер, а своето искуство пред присутните ќе го претстави и Саманта Тилет, Глобална директорка на партнерствa со Амазон во HTTPool by Aleph. Листата на еминентни говорници на конференцијата е збогатена и со претставник од еден од гигантите во индустријата за храна, Стефан Ковачевиќ, кој како Глобален дигитален лидер во Нестле („Nestlé“) на публиката ќе и ја доближи „трката“ за иновации кога станува збор за вештачката интелигенција, а пред присутните своја презентација ќе има и Ралука Бујореану, која ќе се обрати како претставник на германскиот гигант во онлајн продажба на чевли и модни парчиња - Заландо („Zalando“).

Освен ова, во сеопфатната програма на конференцијата официјално ќе се споделат податоци од годишниот преглед на анализата за е-трговија за 2023 година, ќе се зборува и за важноста на податоците, маркетингот и вештачката интелигенција како потпора за успешен бизнис со е-трговија, влијанието на „маркетплејс“ платформите во секторот на е-трговија, но и за значењето на беспрекорното искуство со интернет плаќањата и меѓуграничната достава на интернет, а ќе бидат споделени и искуства  од успешните е-трговци во регионот – Марко Царевиќ од Ананас, Соња Буха од компанијата Мона, Елвис Пивиќ од компанијата МојБренд и многу други.

Инаку, конференцијата по вторпат ќе биде домаќин на регионална публика и на истата се очекува да присуствуваат повеќе од 600 гости – успешни претприемачи, е-трговци, директори на компании и владини претставници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора, Романија, Бугарија и Хрватска што ја прави уникатна и единствена во регионот во своето шесто издание.   

Конференцијата е поддржана од Германското друштво за соработка - ГИЗ како организациски партнер, Мастеркард како генерален партнер, А1 Македонија како дигитален партнер, Ананас, НЛБ Банка и Пивара Скопје како златни партнери и Комерцијална банка, Корпа, Геиники Таксидромики, Фит Кит, Халкбанк и Фешн Груп како сребрени партнери на настанот. 

Повеќе информации поврзани со агендата и сите останати детали поврзани со конференцијата, вклучувајќи ги и картите кои се пуштени во продажба, се достапни на официјалната веб страница на конференцијата: https://ecommerceconference.mk/   

 

Популарно ПР

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

 

 

 

 

Остани поврзан