• среда, 27 ноември 2024

Голден Стејт Вориорс сакале да состават супер тим, Леброн Џејмс ги одбил

Голден Стејт Вориорс сакале да состават супер тим, Леброн Џејмс ги одбил

 

Сан Франциско, 14 февруари 2024 (МИА) - Со месеци се шпекулира дека Леброн Џејмс може да го напушти Лос Анџелес Лејкерс. Јасно е дека на „езерата“ не им оди оваа сезона и тешко ќе се најдат меѓу фаворитите за шампионската титула. Поради ова беше кажано дека еден од најдобрите кошаркари на денешницата е незадоволен од ситуацијата во клубот и е подготвен да ја промени средината.

За услугите на Џејмс биле заинтересирани Голден Стејт Вориорс, а првиот човек на „воините“ Џо Лејкоб лично се ангажирал да го доведе Леброн во Сан Франциско. Сепак, според американските медиуми, Џејмс не бил расположен да им се придружи на Стеф Кари, Дрејмонд Грин и Клеј Томпсон.

Токму Дрејмонд Грин му предложи на првиот човек на Голден Стејт да ја разгледа можноста да го доведе Џејмс. Лејкоб лично контактирал со сопственичката на Лос Анџелес - Џина Бас, но и таа ја одбила можноста да го пушти најдобриот играч на средината на сезоната.

Бас изјави дека Лос Анџелес не сака да го пушти Леброн, но дека доколку сака да си замине, клубот нема да има проблем со тоа. Поради ова Џо Лејкоб стапил во контакт со агентот на Џејмс Рич Пол, но и тој им дал негативен одговор на „воините“ и потврдил дека Американецот сака да остане во Лејкерси.

Интересно, неколку дена претходно и Филаделфија сакаше да го ангажира Леброн Џејмс, но Лос Анџелес Лејкерс побараа во трејдот да биде вклучен и актуелниот МВП - Џоел Ембиид. Се разбира, Сиксерси не сакаа да го пуштат Камерунецот, поради што трговијата пропадна уште пред да започнат преговорите.

„ЕСПН“ пренесува дека Дрејмонд Грин и Крис Пол, соиграчите во Голден Стејт се обиделе да го убедат Џејмс, но дека искусниот ас останал на својата одлука и во иднина да ги брани боите на Лос Анџелес.дс

Фото: Фејсбук

Остани поврзан