• вторник, 24 декември 2024

Главниот обвинител на МКС ги отфрли обвинувањата дека го поистоветува Израел со Хамас

Главниот обвинител на МКС ги отфрли обвинувањата дека го поистоветува Израел со Хамас

Хаг, 26 мај 2024 (МИА) - Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС), Карим Кан, денеска ги отфрли обвинувањата дека ги изедначува постапките на Израел и Хамас во врска со барањето за издавање налози за апсење на лидерите на Израел и палестинската исламистичка организација, означувајќи ги како глупост.

„Не велам дека Израел со неговата демократија и врховен суд е сличен со Хамас, се разбира дека не. Не може да биде појасно дека Израел има целосно право да го брани своето население и да ги ослободи заложниците. Но, никој нема дозвола да врши воени злосторства и злосторства против човештвото.  Средствата нè дефинираат“, рече Кан во своето прво интервју откако објави дека ќе бара налози за апсење на премиерот и министерот за одбрана на Израел, како и за тројца лидери на Хамас. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан