• недела, 24 ноември 2024

Геце може да остане во Борусија Дортмунд

Геце може да остане во Борусија Дортмунд
Дортмунд, 27 април 2020 (МИА) - Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Марио Геце може да остане во тимот, пренесува „Скај спорт Германија“. Преговорите за договорот ќе започнат по паузата поврзана со пандемијата на коронавирус. Тековниот договор е со важност до крајот на сезоната. До прекинот на сезоната, 27-годишниотфудбалер одигра 19 натпревари на сите турнири, во кои постигна три гола и оствари една асистенција. Геце претходно изјави дека ќе ја напушти Борусија. зс/

Остани поврзан