• петок, 08 ноември 2024

Германскиот емисар за Западен Балкан, Сарацин утре во Приштина

Германскиот емисар за Западен Балкан, Сарацин утре во Приштина

Приштина, 28 август 2024 (МИА) – Специјалниот пратеник на германската влада за Западен Балкан, Мануел Сарацин утре, четврток, 29 август, ќе престојува во официјална посета на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Веста преку соопштение за медиумите ја потврди амбасадата на Германија во Косово, најавувајќи дека Сарацин ќе даде изјава за медиумите пред заминувањето од Приштина.

„Мануел Сарацин , специјалниот претставник на Сојузната влада за земјите од Западен Балкан, утре, 29.08.2024 година, ќе го посети Косово. По официјалните средби, г. Сарацин ќе даде изјава за медиумите пред поаѓањето“, се вели во соопштението.

Засега нема информации за целта и агендата на посетата на Сарацин на Косово. иа/јт/

Остани поврзан