• сабота, 16 ноември 2024

Германија ќе и додели дополнителни 100 милиони евра помош на Украина во пресрет на зимата

Германија ќе и додели дополнителни 100 милиони евра помош на Украина во пресрет на зимата

Берлин, 17 септември 2024 (МИА) - Германија ќе обезбеди дополнителни 100 милиони евра помош за Украина оваа зима, објави денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок за време на нејзината посета на Молдавија.

- Русија повторно планира 'зимска војна', со цел да го направи животот на Украинците што е можно понеподнослив, изјави Бербок пред состанокот на министрите во Кишињев.

Русија изврши серија напади врз украинската енергетска инфраструктура, што предизвика долги прекини во снабдувањето со електрична енергија во некои делови од земјата.

Во јуни, Киев ја истакна потребата од повеќе системи за противвоздушна одбрана за да се обезбеди обновување на енергетската инфраструктура и нејзино функционирање за време на зимата, кога побарувачката е најголема поради ниските температури. ссм/

фото: архива

Остани поврзан