• четврток, 26 декември 2024

Германија ќе го забрани Хуавеј

Германија ќе го забрани Хуавеј

Берлин, 12 јули 2024 (МИА) - Германија од својата 5G безжична мрежа во следните пет години постепено ќе ги отстрани компонентите направени од кинеските Хуавеј и ЗТЕ. Ова може да ги влоши и така заладените односи со Пекинг.

Мобилните мрежни оператори, вклучувајќи ги Водафон, Дојче Телеком и Телефоник, се согласија да ги отстранат компонентите од нивните „основни 5G мрежи“ кои се поврзуваат на интернет и дејствуваат како контролни центри до крајот на 2026 година.

До крајот на 2029 година, овие компоненти мора да бидат исчистени и од „мрежи за пристап и транспорт“, кои ги вклучуваат физичките делови на мрежата 5G, како што се далноводи и кули.

„На овој начин го штитиме централниот нервен систем на Германија како деловна локација и ја штитиме комуникацијата на граѓаните, компаниите и државата. Мораме да ги намалиме безбедносните ризици и, за разлика од минатото, да избегнуваме еднострани зависности“, изјави секретарката за внатрешни работи Ненси Фезер, пренесе Си-Ен-Ен. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан