• сабота, 31 август 2024

Германија прв полуфиналист на олимпискиот кошаркарски турнир

Германија прв полуфиналист на олимпискиот кошаркарски турнир

Париз, 6 август 2024 (МИА) – Репрезентацијата на Германија ќе игра во полуфиналето на кошаркарскиот турнир на Олимписките игри во Париз, откако денес ја совлада селекцијата на Грција со 76:63.

Франц Вагнер со 18 поени беше најефикасен во победничкиот состав, во поразениот тим се истакна Јанис Адетокунбо со 22 поена. 

Противник на Германците во полуфиналната фаза ќе биде поуспешниот од дуелот Франција – Канада.

Другите две четвртфинални двојки се:
Србија – Австралија и
Бразил – САД. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан