Германија ги прекина воените операции во Нигер
- Германските војници денеска заминаа од воздушната база во Нигер, со што заврши повлекувањето на трупите на Бундесверот од африканската земја
Берлин, 30 август 2024 (МИА) – Германските војници денеска заминаа од воздушната база во Нигер, со што заврши повлекувањето на трупите на Бундесверот од африканската земја.
Шеесет германски војници и 146 тони опрема биле вратени во Германија со пет товарни авиони.
На крајот на мај Германија и Нигер постигнаа привремен договор со кој германската војска ќе остане во воздушна база во главниот град на Нигер, Ниамеј до крајот на август. Берлин и Ниамеј не се договорија за продолжување на мисијата на германските војници. ми/
фото: МИА архива