• сабота, 23 ноември 2024

Герасимовски: Граѓаните може да пополнат онлајн прашалник и да предложат проекти за својата населба

Герасимовски: Граѓаните може да пополнат онлајн прашалник и да предложат проекти за својата населба
Скопје, 19 ноември 2022 (МИА) - Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги повика граѓаните кои не се во можност да ги посетат трибините „Заедно одлучуваме“ на кои се предложуваат проекти за потребите во својата населба тоа да го направат онлајн. Како што наведува Општината, пополнувањето на Анкетниот прашалник овозможува зголемено учество на граѓаните во донесувањето одлуки на локално ниво и подготовка на програмите за работа и буџетот на Општина Центар за 2023 година. -Учество на Анкетниот прашалник можат да земат сите жители на општината и да предложат дополнителни проекти и истите по важност да се приоретизираат. Воедно одговорите на овој прашалник ќе бидат разгледани и според важноста и потребите вградени во креирањето на општинските програми за работа за следната година, информираат од Кабинетот на градоначалникот . Линкот до Анкетниот прашалник за креирање на програмите за работа на општина Центар за 2023 годинa е https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfyIW0wtYpXGVj9DdJHM8w-8USpoTM70_ptZ5K_MFWhT_YdQA/viewform?vc=0&c=0&w=1&flr=0. мч/

Остани поврзан