• понеделник, 18 ноември 2024

Герасимовски: Граѓаните да не си ги трошат парите на диви инвестиции кои во иднина ќе бидат отстранети

Герасимовски: Граѓаните да не си ги трошат парите на диви инвестиции кои во иднина ќе бидат отстранети

Скопје, 22 април 2024 (МИА) - Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор за објект на улицата „Железничка“ близу ресторанот Љуц.

Градоначалникот на Центар Горан Герасимовски на отстранувањето на објектот истакна дека законските прописи мора да се почитуваат од сите чинители во општината.

- Сите дивопоставени објекти, доградби тераси, платформи без одобрение ќе бидат отстранети. Апелирам до граѓаните да не си ги трошат парите на инвестиции кои во иднина ќе бидат отстранети на нивна сметка. Денеска се отстранува овој објект кој е со димензии 3.80x2.20 метри но и други нелегално изграден објекти како дрвена платформа и челична настрешница на улица „Црвена Вода“ бр. 4 близу Броз Кафе, метална врата на ул. „Мајаковски“ близу пекарата „Силбо“ во Дебар Маало која беше поставена на државно земјиште, изјави Герасимовски.

Тој соопшти дека има нерегуларности и со 30 жардиниери на улица „Антоние Грубишиќ“.

- Тие ја попречуваа пешачката патека, општинските служби ги залепија до локалот со цел нејзино ослободување и наложија во рок од три дена истите да се внесат внатре, информираат од Општина Центар.

Герасимовски извести дека за утре инспекторските служби најавуваат отстранување помошен објект-гаража на улица „Кеј 13 ноември“ бр.74 и доградба на тераса и метална врата на ул. „Дебарца“.

- Инспекциските служби на Општина Центар ќе продолжат со спроведување на зачестените инспекциски контроли со цел почитување на законите и решавање на проблемите на граѓаните, велат од локалната самоуправа. ир/лв/

Фото: Општина Центар 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан