• сабота, 23 ноември 2024

Гвардиола може да го продолжи договорот со Манчестер сити на уште една година

Гвардиола може да го продолжи договорот со Манчестер сити на уште една година

Манчестер, 15 октомври 2024 (МИА) - Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола може да го продолжи договорот со клубот на уште една година.

Според „The Telegraph“, ова е најверојатното сценарио и покрај гласините дека Шпанецот би можел да ја предводи Англија.

Актуелниот договор на Гвардиола со Манчестер сити е до крајот на јуни 2025 година. Раководството на „Граѓаните“ би сакало да склучи подолгорочен договор, но ќе биде задоволно доколку Шпанецот потпише договор на уште една година.

Гвардиола е на чело на Манчестер сити од јули 2016 година. Заедно со тимот шест пати стана шампион на Англија, четири пати го освои англискиот Лига куп, три пати Суперкупот и два пати националниот куп. Има и титула во Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан