Гаши се сретна со специјалниот претставник на Норвешка за Западен Балкан, Ерик Матиасен
- Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска се сретна со специјалниот претставник на Норвешка за Западен Балкан, Ерик Матиасен. Двајцата соговорници ги поздравиле одличните политички односи и пријателство, нагласувајќи дека тие се допoлнително зајакнати и преку членството во НАТО.
Скопје, 14 јануари 2025 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска се сретна со специјалниот претставник на Норвешка за Западен Балкан, Ерик Матиасен. Двајцата соговорници ги поздравиле одличните политички односи и пријателство, нагласувајќи дека тие се допoлнително зајакнати и преку членството во НАТО.
На средбата, како што соопштија од Собранието, присуствувала и нерезидентната норвешка амбасадорка, Кристин Мелсом.
-Претседателот Гаши истака дека назначувањето на специјален пратеник за Западен Балкан го покажува интересот кој норвешката влада го посветува на регионот. Тој се заблагодари и за силната поддршка што Норвешка, која иако не е членка на ЕУ, поради својата тесна поврзаност со Унијата, ја дава за европските аспирации на Република Северна Македонија, потенцираат од Собранието.
На средбата исто така биле разменети мислења и за придвижување на пристапниот пат на државата, со оглед што Матиасен има долгогодишно искуство на работа поврзана со односите со Европската Унија.
Меѓу другото, била поздравена и работата на амбасадорите во двете држави кои со своите активности придонесуваат за натамошно интензивирање и унапредување на билатерланите односи и соработка. бт/дма/
Фото: Собрание