• среда, 13 ноември 2024

Гасперини: Моралот на Аталанта е во слободен пад

Гасперини: Моралот на Аталанта е во слободен пад
Бергамо, 19 април 2022 (МИА) - Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини ги критикуваше своите фудбалери по натпреварот од 33. коло на Италијанското првенство против Верона (1:2). - Нашиот морал во моментов е во слободен пад. Мора да се фокусираме на позитивен крај на сезоната, бидејќи сме должни на навивачите кои не поддржуваат. Момците се потрудија, но сега немаме многу среќа. Кога играме отворени натпревари против тимови со добра техника, често губиме. Сезонава направивме многу добра работа во европските купови, и во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа. Во Серија А игравме добро до декември, а потоа не можевме да ги оправдаме очекувањата ниту по резултат, ниту во однос на квалитетот на играта. Кога ќе заврши сезоната, ќе донесеме заклучоци. Сега треба да разбереме дека ова не е завршница што ја посакувавме и им должиме на нашите навивач, изјави Гасперини за „DAZN“. Аталанта е на осмото место во Серија А со 51 бод од 32 натпревари. Верона на 33 натпревари освои 48 бода и се наоѓа на деветтата позиција. зс/

Остани поврзан