Галатасарај сака да го задржи Зијеш
- Турскиот фудбалски гигант Галатасарај е задоволен од настапите на Хаким Зијеш и планира да му понуди постојан договор на 31-годишниот марокански репрезентативец.
![Галатасарај сака да го задржи Зијеш](https://new.mia.mk/index.php/images/20240510090854_big_730x400_55.webp )
Истанбул, 10 мај 2024 (МИА) – Турскиот фудбалски гигант Галатасарај е задоволен од настапите на Хаким Зијеш и планира да му понуди постојан договор на 31-годишниот марокански репрезентативец.
Мароканскиот напаѓач настапува за Галатасарај како позајмен фудбалер од Челзи.
Според турските медиуми, тимот од Истанбул е подготвен да го откупи неговиот договор со лондонскиот клуб и да го задржи Зијеш во своите редови.
Оваа сезона Зијеш одигра 21 натпревари на кои постигна осум голови и додаде четири асистенции. ег ФОТО: Фејсбук