• недела, 20 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Аморим: Јас постојано грешам, многу почесто од Онана

Аморим: Јас постојано грешам, многу почесто од Онана

 

Манчестер, 11 април 2025 (МИА) – Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим застана во одбрана на својот голман Андре Онана, откако камерунскиот репрезентативец направи грешки при двата гола во ремито 2-2 против Лион во четвртфиналето во Лига Европа.

Онана и претходно беше мета на критики од поранешниот играч на Јунајтед и сегашен член на Лион, Немања Матиќ, кој го нарече Камерунецот „еден од најлошите голмани во историјата на клубот“.

Сепак, Аморим рече дека тој самиот направил повеќе грешки од неговите играчи во текот на сезоната и истакна дека сè уште има доверба во Онана.

„Најважно е да се биде природен и да се избере најдобрата единаесетка за секој натпревар. Јас постојано правам грешки, секому тоа може да му се случи“, истакна Аморим. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан