• сабота, 23 ноември 2024

Галант го информирал Остин за нападите врз Хезболах

Галант го информирал Остин за нападите врз Хезболах

Тел Авив, 23 септември 2024 (МИА) - Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека разговарал со американскиот министер за одбрана Лојд Остин за последните воздушни напади на израелската армија против Хезболах во Либан и за развојот на ситуацијата на северната граница на Израел со Либан.

„На министерот му ја пренесов оценката за ситуацијата во врска со заканите на Хезболах и го информирав за операциите на израелските одбранбени сили (ИДФ) кои имаат за цел да ја ослабнат способноста на Хезболах да изврши напади врз израелски цивили“, објави Галант на мрежата Х.

Како што додаде, разговарале и за пошироката регионална ситуација и заканите од „Иран и неговите застапници“.

Израелската армија соопшти дека рано утринава извршила десетици воздушни напади во јужен Либан и ги повика жителите од регионот итно да се евакуираат од домовите и другите објекти каде што милитантната група Хезболах складира оружје.

ИДФ врши „широки“ напади врз цели на Хезболах во јужен Либан, пишува „Тајмс оф Израел“.

Последниот бран воздушни напади уследи поткако Хезболах истрела повеќе од сто ракети во северен Израел, од кои некои паднаа во близина на градот Хаифа.

Израел одговори со изведување стотици воздушни напади врз цели на Хезболах. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан