• четврток, 26 декември 2024

Габриел: Вториот мандат ќе биде национален

Габриел: Вториот мандат ќе биде национален

Софија, 22 мај 2023 (МИА) – Вториот мандат ќе биде национален и ќе се искористи за избор на стабилна влада, околу која ќе се формира уставно мнозинство, се наведува во заедничката изјава на Марија Габриел, која беше кандидат на ГЕРБ-СДС за премиер и на академик Николај Денков од Промените продолжуваат – Демократска Бугарија (ПП-ДБ).

Денков ќе биде премиер првите девет месец, а Габриел ќе биде заменик премиерка и министерка за надворешни работи. Функциите премиер и заменик премиер ќе се ротираат. На крајот на секои девет месеци премиерот ќе поднесе оставка, двете пратенички групи ќе гласаат и ќе ја поддржат номинацијата на другата пратеничка група за следен премиер, а премиерот во заминување ќе биде именуван за заменик-премиер.

Владата ќе ги спроведе договорените законодавни и административни програми, измените во Уставот ќе бидат подготвени и усвоени во дијалог со сите пратенички групи, вклучително и промени во структурата на Обвинителството и Врховниот суд.

Документот предвидува создавање механизам за прелиминарен договор меѓу пратеничките групи за номинациите за регулаторните тела, избрани од Парламентот, со цел да се гарантира најдобар избор на личности со високи професионални и морални квалитети.

Габриел посочи дека документот треба да го поддржат двете пратенички групи, а нивна задача со Денков е да ги убедат дека тоа е вистинскиот пристап во следните неколку дена. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан