• понеделник, 07 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Вучевиќ: СНС оди утре на консултации за состав на нова влада со неколку имиња за можен мандатар

Вучевиќ: СНС оди утре на консултации за состав на нова влада со неколку имиња за можен мандатар

Белград, 2 април 2025 (МИА) - Српската напредна странка утре ќе оди на консултации со претседателот на Србија за состав на новата влада  и ќе предложи  неколку имиња за мандатар, јави дописникот на МИА од Белград. Тој став денеска го нагласи премиерот на Србија во технички мандат и лидер на Српската напредна партија (СНС) Милош Вучевиќ.

Според него, на консултациите  СНС ќе учествува со делегација од осум членови - пет од СНС и тројца претставници на коалициските партнери.
„Нашиот став е дека треба да одиме на избор на нова влада, да вложиме дополнителни напори за да се избере нова влада до 18 април...Утре ќе одиме на консултации со предлог за формирање нова влада и ќе дојдеме со неколку имиња за мандатар“.

Во изјава за белградски медиуми Вучевиќ наведе дека Србија издржала пет месеци „во најтежок обид за обоена револуција“.
„Се соочуваме со обиди за насилно преземање на власта и соборување на државата...Државата е нападната и не функцонира во нормални околности“.
Вучевиќ додаде дека сепак, државата се одбранила и во следните месец или два ќе се врати на нормален начин на живот.

„Се соочуваме со обиди за насилно преземање на власта, како и за уривање на државата, со приказната дека сакаме посилни институции, . Тие што тоа го прават ги блокираат институциите, ги уриваат институциите и ја уриваат довербата во државата. Нивна цел е обвинителството да не работи, судот да не работи, поицијата да не ја работи својата работа. Тоа е нивна цел. Собранието да не работи и државата да не функционира. Така се преминува на форуми, собранија, револуција и кон сите вонинституционални форми, во некој облик на анархија“, рече Вучевиќ. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан