• недела, 24 ноември 2024

Втор ден штрајк на грчките цариници, товарниот сообраќај во целосен прекин, автомобили повремено се пропуштаат на Богородица и Дојран

Втор ден штрајк на грчките цариници, товарниот сообраќај во целосен прекин, автомобили повремено се пропуштаат на Богородица и Дојран

Струмица, 3 април 2024 (МИА) - Товарниот сообраќај преку трите гранични премини со Грција, Богородица-Евзони, Дојран-Дојрани и Меџитлија-Ники, е во целосен прекин од вчера од 6 часот кога почна штрајкот на грчките цариници, а повремено се пропуштат патници на Богородица и Дојран.

Според началникот на Регионалниот центар за гранични работи Југ при МВР, Славчо Богев, на Меџитлија-Ники од вчера од вчера нема никаков сообраќај, додека на останатите два премини повремено се пропуштат патници.

- Вчера и денеска грчките погранични служби на определен период пропуштаат патнички возила. На Дојран тоа го прават на секои час, час и половина, а на Богородица-Евзони на секој половина час, информира Богев.

Според најавите од грчка страна штрајкот на цариниците треба да заврши утре во 6 часот. рт/цр

Фото:принт скрин ЈПДП, премин Меџитлија

Остани поврзан