• вторник, 24 декември 2024

Врховен суд на Индија: Правото на живот без загадување е основно човеково право

Врховен суд на Индија: Правото на живот без загадување е основно човеково право

Њу Делхи, 23 октомври 2024 (МИА) - Врховниот суд на Индија соопшти денеска дека животот во незагадена средина е основно човеково право, и ги повика властите да преземат итни мерки за решавање на проблемот со загадувањето на воздухот во северните делови на земјата.

Во Њу Делхи, квалитетот на воздухот е оценет како „многу лош“ со индекс од 364, додека вредностите под 50 се сметаат за добри, според Централната агенција за контрола на загадувањето. Властите обвинуваат дека голем дел од загадувањето доаѓа од нелегално горење на слама во соседните држави Панџаб и Харјана.

Пакистанскиот град Лахоре е втор најзагаден град во светот според швајцарската организација „IQAir“, а властите во Пакистан веќе ги променија училишните распореди и забранија активности на отворено.

Судот денеска им наложи на федералните и државните власти на Њу Делхи, Пенџаб, Харајана, Утар Прадеш и Раџастан да поднесат извештаи за спроведувањето мерки против загадувањето. ссм/

фото: архива

Остани поврзан