• недела, 24 ноември 2024

Вреди: ДУИ остана сам, дури и СДСМ се покаја за измените на Кривичниот законик 

Вреди: ДУИ остана сам, дури и СДСМ се покаја за измените на Кривичниот законик 

Скопје, 26 јули 2024 

Скандалите и корупцијата инсталирани од Демократската унија за интеграција (ДУИ) и нејзините сателити го поткопаа довербата во судството, го попречија економскиот развој и социјалниот напредок.

Забелешките и недостатоците евидентирани од Европската комисија во нејзиниот последен извештај јасно покажуваат како претходниот режим ја спроведувал власта со нечесни и незаконски методи. Интервенциите на ДУИ во судскиот систем беа неприфатливи. Се сеќаваме на притисоците врз претседателката на Врховниот суд, само затоа што таа одби да го помилува и да го врати Никола Груевски во Македонија како херој.

Овие постапки длабоко го потресоа јавното мислење. Исто така, претходната гарнитура го смени Кривичниот законик за да ги намали и застаре казните на поранешните функционери, чин кој беше презентиран од ДУИ како усогласување со европските стандарди.

Ова беше уште еден обид за измама на граѓаните и за заштита на нивните лични интереси на штета на правдата и транспарентноста. Претседателот на СДСМ Венко Филипче ја призна грешката, дали истото ќе го направи и Али Ахмети?

Спротивно на горенаведеното, коалицијата ВЛЕН е посветена на следење на чист и чесен пат. Се потпираме на поддршката од граѓаните за да изградиме подобра иднина за нашата земја.

Преку функционери избрани без коруптивни дамки, демонстрираме европско однесување и транспарентност во нашите постапки.

Заедно, ќе изградиме поправедно и поразвиено општество.

Вреди

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

Остани поврзан