• недела, 06 октомври 2024

„Вреди“: ДУИ и нејзините сателити со опструкции се обидуваат да го заштитат својот криминал

„Вреди“: ДУИ и нејзините сателити со опструкции се обидуваат да го заштитат својот криминал

Скопје, 7 август 2024 

Во едно напредно и праведно општество, заштитата на јавниот интерес и благосостојбата на граѓаните треба да бидат апсолутен приоритет. Сепак, во нашата реалност, благодарение на погрешните и неодговорни политики на ДУИ, коцкањето влезе во секој дом преку интернетот, уште повеќе продлабочувајќи ги големите социјални и економски штети од деловните објекти на коцкарниците кои ги има на секој чекор.

Со одобрувањето на барањето на Комисијата за законодавно-правни прашања за автентично толкување на Законот за игри на среќа, сме чекор поблиску да го потврдиме она што го зборуваме како коалиција ВЛЕН: нема да дозволиме заради личните и бизнис интереси на неколку поединци да страда целото општество. 

Дали сме за целосно искоренување на оваа болест? Апсолутно ДА! Сепак, ДУИ и нејзините сателити, создавајќи стапици во системот, го одолговлекуваат целосно справување со оваа општествена болест. 

Почитувани граѓани, ДУИ делува како криминална организација, која, за да ги заштити своите поранешни корумпирани функционери, размислува на деструктивен начин. Ние како коалиција ВЛЕН долго време тврдиме дека нивната идеја е да ги направат Албанците заложници во обид да избегнат правосудна одговорност за грабежот што го направија на народот за време на нивниот 22-годишен режим. Затоа, додека не се реформираат програмски и кадровски, тие нема да можат да бидат реална политичка конкуренција. Албанците нема да дозволат ова криминализирано раководство на ДУИ да ги потценува. Тие знаат дека Ахмети, Груби, Османи, Мерко, Бектеши и нивната компанија немаат никаква грижа за Охридскиот рамковен договор, туку се грижат само за нивниот нелегално стекнат капитал. Коалицијата ВЛЕН е за нулта толеранција за корупцијата и ќе работиме за праведно и чесно општество, каде никој не е над законот. Заедно ќе изградиме подобра иднина за сите нас!

Фари Хисени, портпарол на Коалицијата „Вреди“

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан