• сабота, 28 декември 2024

Врбите во центарот на Кичево го завршија својот животен век

Врбите во центарот на Кичево го завршија својот животен век

Кичево, 18 април 2021 (МИА) - Трите украсни врби кои беа засадени пред три децении во средиштето на Кичево, поточно пред Центарот за култура, поради својата старост почнаа да се сушат во повисоките гранки и тоа беше причина истите да бидат пресечени.

Стручни лица по темелно испитување потврдија дека врбите се сушат поради својата старост. Во меѓувреме една од трите врби се откорна од корен и среќа во несреќа е што при овој случај нема повредени минувачи.

За потоа и двете преостанати врби да бидат пресечени и сега се прават напори на истото место да се засадат нови млади стебла од истиот вид.

-Со сечењето на врбите во центарот на Кичево, нестана еден препознатлив белег градот а тоа беа трите украсни врби. Колку беа атрактивни овие врби зборува и фактот што немаше посетител на градот, кој не се фотографираше крај преубавите украсни стебла со преубава крошна. Тие во изминатите безмалку три децении станаа препознатлив симбол на нашиот град, во време кога бетонските градби се повеќе го потискуваат зеленилото-рече Петре Тренески, жител на една стара населба. за/ац/

Остани поврзан