• сабота, 16 ноември 2024

Вработен во американската Влада обвинет дека одавал информации за израелскиот план за напад на Иран

Вработен во американската Влада обвинет дека одавал информации за израелскиот план за напад на Иран

Вашингтон, 13 ноември 2024 (МИА) – Вработен во американската Влада е обвинет за објавување доверливи информации за проценките на претходниот израелски план за напад на Иран, објавија денеска американските медиуми.

Обвинетиот Асиф Вилијам Рахман неделава бил уапсен од американската федерална полиција (ФБИ) во Камбоџа, а на суд ќе се појави во Гуам.

Рахман минатата недела беше обвинет пред американскиот суд во Вирџинија по две точки од обвинението за свесно пренесување информации за националната безбедност, кривично дело што може да му донесе долгогодишна затворска казна.

Не е јасно дали има адвокат или во која федерална агенција бил вработен, но официјалните лица рекоа дека имал пристап до строго доверливи информации.

Протечените документи, што им се припишуваат на Националната агенција за геопросторно разузнавање и Националната агенција за безбедност, се појавија во октомври на апликацијата Телеграм. Во нив се наведува дека Израел сè уште преместува свои воени сили за да изврши воен напад како одговор на иранскиот балистички ракетен напад на 1 октомври.

Израел одмаздничкиот напад врз Иран го почна на 26 октомври.

Документите што беа откриени ги споделувала групата земји наречени „Пет очи“, а која ја сочинуваат САД, Велика Британија, Канада, Нов Зеланд и Австралија.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан