Во Јапонија е издадено вонредно предупредување поради пристигнувањето на моќниот тајфун Шаншан
- Надлежните служби во Јапонија денеска издадоа вонредно предупредување за пристигнувањето на моќниот тајфун Шаншан, кој се приближува кон југозападните делови на земјата, пропратен со обилни дождови и силен ветер, јавија локалните медиуми.
Токио, 28 август 2024 (МИА) - Надлежните служби во Јапонија денеска издадоа вонредно предупредување за пристигнувањето на моќниот тајфун Шаншан, кој се приближува кон југозападните делови на земјата, пропратен со обилни дождови и силен ветер, јавија локалните медиуми.
Предупредувањето од тајфунот Шаншан ја принуди компанијата „Тојота“ да ја прекине работата во сите домашни производствени капацитети, пренесуваат агенциите.
Авиокомпаниите и железничките оператори, исто така, откажаа некои услуги во наредните денови поради овој тајфун, кој е категоризиран како „многу силен“ со можни налети на ветер од 50 до 70 метри во секунда (околу 252 километри на час). рп/
Фото: ЕПА