• вторник, 12 ноември 2024

Во Јапонија гувернер предизвика панична набавка на раствор за грло

Во Јапонија гувернер предизвика панична набавка на раствор за грло
Токио, 5 август 2020 (МИА) - Јапонците купиле огромни количини раствор за плакнење на грлото, откако гувернерот на Осака рече дека тој производ помага против коронавирусот. Иако не се докажани позитивните ефекти на растворот, полиците на аптеките низ целата земја се испразнети по изјавата на гувернерот Хирофуми Јошимура, пренесува Би-Би-Си. Тој се повика на истражување на локална болница во Осака спроведено на само 41 лице, по што наишол на критики, но акциите  на компаниите Шионоги и Меиџи Холдинг скокнале по паничното купување на растворот што го произведуваат. Стотици илјади корисници на Твитер споделија фотографии од продавници во Јапонија со натписи дека недостига раствор за плакнење на грлото. паг/    

Остани поврзан