• недела, 24 ноември 2024

Во јануари 39.335 туристи престојувале во земјава

Во јануари 39.335 туристи престојувале во земјава
Скопје, 14 март 2022 (МИА) – Во јануари годинава земјава ја посетиле вкупно 39.335 туристи кои оствариле 87.107 ноќевања што претставува зголемување за 40 отсто на бројот на туристи и за 33,9 отсто на бројот на ноќевања во споредба со јануари 2021 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, 52,9  отсто од туристите во јануари годинава биле домашни, а 47,1  отсто странски туристи. Од остварените ноќевања 56,5 отсто ги направиле домашните туристи, а 43,5 отсто странските туристи. При тоа бројот на домашните туристи во јануари 2022 година, во однос на истиот месец лани е зголемен за 19,5 отсто, а на странските за 73,2 отсто. Во овој период домашните туристи оствариле за 22 отсто повеќе ноќевања, а странските за 53,4 отсто во споредба со минатогодишниот јануари. вј/дма/  

Остани поврзан