• вторник, 12 ноември 2024

Во Шпанија уапсени повеќе од 100 лица поради измама на корисниците на Воцап

Во Шпанија уапсени повеќе од 100 лица поради измама на корисниците на Воцап

Мадрид, 1 мај 2024 (МИА) - Повеќе од 100 лица се уапсени во Шпанија под обвинение дека со измама украле илјадници евра од корисници на апликацијата Воцап (WhatsApp), тврдејќи дека се роднини во неволја, објавија денеска шпанските медиуми.

Полицијата соопшти дека уапсените биле дел од криминална група која преку оваа измама остварила нелегална добивка од речиси еден милион евра, јавува Би-Би-Си.

Сите уапсени се обвинети за измама, перење пари и учество во криминална организација која, според шпанската полиција, ги измамила корисниците на Воцап и барала од 800 до 55.000 евра. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан