• недела, 24 ноември 2024

Во центарот на Прилеп поделени преку 500 парчиња бурек за Василица

Во центарот на Прилеп поделени преку 500 парчиња бурек за Василица

Прилеп, 13 јануари 2024 (МИА) - Повеќе од 500 парчиња бурек денеска беа поделени во центарот на Прилеп на манифестацијата „Заедно за Василица“ што третпат се одржа на платото пред Градскиот саат. Организатор е локалната самоуправа.

На манифестацијата се делеа и топли напитоци. Четириесет и седумгодишниот прилепчанец Љупчо Трајкоски ја пронајде среќната паричка на денешната манифестација. Ова му е првпат во животот да има среќа со паричката. Радоста ја споделува со сите.

- Среќен сум што ја пронајдов паричката. На сите прилепчни им посакувам среќа и радост во семејствата. Првпат во живото вака ми паќа паричка за Василица. Се надевам дека набрзо ќе најдам и работа. Ова е убава традиција и треба да продолжи да се одржува, рече прилепчанецот Љупчо Трајкоски.

Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески уверува дека токму преку вакавата традиција на заедништво на граѓаните се одржува голема традиција за Василица или Стара Нова Година.

- Симболично, соподарување парче бурек, топол чај, греано вино, сите наши посетители имаа можност да гоподдржат ова веќе традиционално одбележување во пресрет на Василица или Стара Нова Година. Оваа манифестација е веќе трета година по ред и прераснува во уште поголема манифестација, рече Јовчески.

Граќаните сакаат да се одржува традицијата и вербата во среќата и благодатта за целото семејство.

Утре напладне целото семејство пак ќе се собере заедно на трпезата за да ја побара среќната паричка која, се верува ќе му донесе среќа на тој што ќе ја најде, а и на целото семејство. За прилепчани потрагата по среќата е вечна а одржувањето на традициите ја зголемува надежта да се стигне до среќна и бериќетна година.

На среќниот добитник на паричката од манифестацијата „Заедно за василица“ во центарот на Прилеп, локалната самоуправа му врачи пригодни подароци. ем/цр

Фото : МИА архива

Остани поврзан