• недела, 28 јули 2024

Во Франција одлучија да не ја прошируваат Лига 1 на 22 екипи

Во Франција одлучија да не ја прошируваат Лига 1 на 22 екипи
Париз, 19 јуни 2020 (МИА) - Раководството на Професионалната фудбалска лига на Франција едногласно гласаше против проширување на Лига 1 со 22 во сезоната 2020/21, објавено е на официјалната веб-страница на организацијата. Во врска со почетокот на сезоната во Франција, се разгледуваше можноста за промена на форматот на турнирот, меѓутоа, раководството на францускиот фудбал дојде до заклучок дека експанзијата е невозможна, со оглед на последиците од кризата и финансиските проблеми на клубовите. Така, најверојатно, Амиен и Тулуз, кои ја завршија сезоната на последните места на пласман, ќе ја напуштат елитната дивизија. За потсетување, по предвремениот прекин на сезоната ПСЖ беше прогласен за шампион на Франција. зс/

Остани поврзан