• среда, 25 декември 2024

Во Тирана честитки до амбасадорот Марковски за првата меѓувладина седница и почетокот на преговорите со ЕУ

Во Тирана честитки до амбасадорот Марковски за првата меѓувладина седница и почетокот на преговорите со ЕУ
Тирана, 20 јули 2022 (МИА) - Македонскиот амбасадор во Тирана денеска присуствуваше на церемонијата на симболично подигање на европското знаме пред албанската влада, информираа од Амбасадата. - Премиерот Рама во разговорот со амбасадорот Марковски со порака: „Ви реков дека ќе успееме“, стои во објавата. Се додава дека бројни честитки амбасадорот добил за постигнатиот успех и упорноста на Владата и премиерот Димитар Ковачевски, за одржувањето на првата меѓувладина седница и почеток на преговорите на Европската Унија со Република Северна Македонија. Се посочува дека честитки упатила претседателката на парламентот Линдита Никола, министерката за Европа и надворешни работи,  Олта Џачка, координаторот на парламентарната група на Социјалистичката партија, Таулант Бала, други министри и акредитирани амбасадори. вт/цр  

Остани поврзан