• недела, 06 октомври 2024

Во Тетово се одржа Саем на недрвни шумски производи

Во Тетово се одржа Саем на недрвни шумски производи

Тетово, 24 август 2024 (МИА) - Прв саем на недрвни шумски производи се одржа денеска на плоштадот во Тетово, во организација на здружението Ренесанса. Се претставија производители на боровинки, капинки, планински чај, мед и разни ароматични растенија.

Саемот е дел од проектот „Заштита на животна средина и промоција на планинскиот туризам“ на здружението Ренесанса со поддршка на ЦНВП Фондација. Главната порака е луѓето да набавуваат вакви производи на пазарите, саемите и од одгледувачите затоа што многу зависи родот на шумските производи од временските прилики и климатските промени.

-Поради климатски промени не е исто секоја година, некогаш има плод во планина, некогаш нема. Посебно боровинки и медот. Кај медот зависи колку ќе врне особено во периодот мај-јуни кога расцветуваат цветовите на растенијата и дрвјата. Нема константа, сè зависи од времето, ако има дожд нормално ќе има помалку. Ама оваа година сите производители велат дека добро поминале, изјави Берат Азизи од здружението Ренесанса.

Проектот е можност за запознавање со природните богатства што ги нуди локалната животна средина како и можност да се поддржат локалните производители кои се посветени на зачувување на природата.

- Шар Планина има голем потенцијал за одгледување на недрвни производи, а има и перспектива за развој на планинскиот туризам, истакна Нехат Рамадани, директор на ЦНВП Фондација.

Во рамки на проектот „Одржливо користење на природните ресурси Шара, Кораб Коритник и Албанските Алпи“, ЦНВП фондација поддржува повеќе грантисти кои спроведуваат проектни активности во областите на заштита, унапредување и развој на животна средина. ас/лв/

фото МИА 

 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан